Извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, ги кажа своите размислувања за враќањето на Конор Мек Грегор.
Последната борба на Озлогласените се одржа во јули 2021 година, кога загуби од Дастин Поарје. Мек Грегор во таа борба ја скрши ногата и оттогаш се опоравува. Конор се очекуваше да се бори оваа година, но тој одби да даде допинг тестови на УСАДА.
Поранешниот двократен шампион очекуваше да добие посебен третман од УСАДА, но тоа не се случи. Тој се уште не им дава примероци за допинг-тест, што дополнително ќе го одложи неговото враќање. Конор мора да биде тестиран 6 месеци ако сака да се врати во кафезот.
Од денеска се уште не е во програмата на УСАДА. Ако Конор влезе овој месец во програмта на УСАДА, тогаш најрано може да се бори е април 2024 година. Такви се плановите на Вајт.
„Конор Мек Грегор се врати во теретана. Тренира и да, очекувам да го видам Конор како се бори следната година. Гладот и мотивацијата не се иста работа. Мора да имате одредена мотивација за да заработите толку пари.
Сте виделе многу борци кои кога заработуваат многу пари, се борат многу помалку. Конор е еден од тие борци. Човек се менува кога има толку многу пари.
Тешко е да поминете цело лето на јахта, а потоа да помислите: „Ох, ќе морам да се вратам во теретана и повторно да вежбам“. Повторно, тоа не е критика, тоа е живот во ММА“, изјави Вајт за Ток ТВ.
View this post on Instagram