Дана Вајт ќе ја објави борбената картичка за УФЦ 249, но без Хабиб

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт најави дека утре ќе претстави нова борбена картичка за  УФЦ 249 закажан за 18 април. Сè уште не е јасно каде и како ќе се одржи настанот, но за неколку часа  треба да нè израдуваат со целата борбена картичка.

Се очекува Френсис Нгану да се бори со Жаирзињо Розенструик и Роуз Намахунас со Џесика Андраде.

Сè уште не е познато со кого ќе се бори Тони Фергусон, но 100 отсто нема да биде Хабиб Нурмагомедов кој се откажа. Вајт потврди дека ќе продолжат без шампионот во лесна категорија. Според информациите на ФОКС, Конор Мек Грегор ќе се повлече од борбата со Фергусон, иако Џон Каванаг рече дека неговиот борец нема да учествува.

„Турнирот сигурно ќе се одржи на 18 април, но Хабиб нема да учествува на него. Утре ќе ја објавам целата борбена картичка за УФЦ 249“, напиша Вајт на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B-oWFfFjZuw/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО