Борец на УФЦ ги трогна фановите, човек со големо срце

34-годишниот борец на УФЦ, Абу Азајтар, покажа дека е човек со големо срце и така допре до обожавателите ширум светот. Гладијаторот со години се занимава со добротворна работа и Али Абделазиз реши да раскаже шешто повеќе за својот пријател и неговата работа на социјалните мрежи. Абделазиз изјави дека Азајтар им помага на сиромашните, на болните и ги посетува старечки домови, притоа им носи цвеќе на луѓето.

„Сакам да им покажам на луѓето со она што се занимава со години мојот брат Абу. Тоа им помага на сиромашните луѓе, болните деца и болниците во Африка и Блискиот Исток. Во текот на оваа пандемија, неговата работа не запре. Тој го претставува кралството Мароко, народот и УФЦ.

https://www.instagram.com/p/B-ibKoQB2Mn/?utm_source=ig_embed

Тој испраќа вентилатори, амбулантни возила, медицински материјали и реши да не оди во Мароко, за да продолжи да им помага на луѓето ширум светот, па дури и да купува цвеќе за стари лица во домовите. Те сакам брат, ти си најдобриот“, напиша Али на социјалните мрежи за Абу.

 

Азајтар има скор 14-1-1-1 во ММА и е во серија од 9 последователни победи. Тој не загубил веќе 8 години и е поранешен шампион во средна категорија на ГМЦ. Тој го направи своето деби во УФЦ кон средината на 2018 година и со одлука на судиите го победи Витор Миранда. Азајтар требаше да се бори против Де Чирико на 11 април, но настанот беше откажан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО