Конор Мек Грегор би требало да се врати во октагонот во втората половина од годината, на мечот против Мајкл Чендлер.
Неодамна, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, откри дека двајцата ќе бидат тренери во новата сезона на „ТУФ“, која започнува на крајот на мај а завршува кон средината на август.
По завршувањето на сезоната ќе има пресметка меѓу Мек Грегор и Чендлер.
Засега не е познато на кој настан би можело да се случи тоа, но првиот човек на промоцијата откри дека мечот ќе се одржи во лесна категорија.
Откако ја скрши ногата во јули 2021 година на мечот против Дастин Пориер, Мек Грегор доби мускулна маса.
За време на опоравувањето најави дека ќе се врати во полусредна категорија, што на Чендлер не би му пречело.
Но, Вајт потврди дека борбата меѓу Мек Грегор и Чендлер ќе се одржи во лесна категорија.
Доколку Конор го добие мечот, тогаш УФЦ најверојатно ќе му даде борба за шампионскиот појас.