Волкановски одушеви со говорот: Луѓето велат дека ова не ми треба, но така мислат слабите! (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во перолесна категорија зрачи со огромна самодоверба во секој говор што го дава.

Александар Волкановски и неговата мотивација да го потврди статусот на најдобар УФЦ борец едноставно не воодушевува во деновите пред настанот УФЦ 284. Австралиецот со македонско потекло е во серија од 22 последователни победи, а под капата на УФЦ се бореше на 12 натпревари и ги доби сите 12 пати.

Во моментов е првопласиран во поредокот „П4П“, додека неговиот противник Ислам Махачев е второпласиран. Волкановски не мораше да ризикува со својата серија без пораз и првото место на рангирањето на „П4П“. Волк би можел да продолжи да ја брани титулата во перо категорија и да изгради уште поголема серија без пораз, но тој едноставно не е таков тип на борец.

„Сакам да се предизвикувам и да се ставам на овие позиции. Луѓето секогаш треба да го прават тоа во животот. Ако сакате да бидете успешни, изложете се на предизвици кои ќе ве направат посилни. Јас сум двојно поголем човек отколку што бев на почетокот на овој камп, бидејќи сум свесен за предизвикот што тој (Махачев) ми го претставува. Не се плашам од предизвик, знам дека сум дораснат и тоа ќе ме направи подобар. Луѓето се сеќаваат на такви работи“, започна Волкановски со одличен говор, а потоа додаде:

„Многу луѓе велат дека не требало да одам во повисока категорија, дека сум луд за тоа итн. Мислам дека така мислат слабите луѓе. Треба да се предизвикувате и да се изложувате на такви ситуации. Не размислувајте што ќе се случи ако работите тргнат наопаку, размислете што ќе се случи ако работите тргнат добро. Во сабота работите ќе одат добро, а јас ќе станам шампион во две категории“, заврши Волкановски со громогласен аплауз од публиката.

Неговата самодоверба и желба да се докаже се навистина охрабрувачки. Како и да заврши неговиот меч против Махачев, Волкановски нема за што да жали. Тој се осмели да направи нешто што многумина не би го направиле и за тоа заслужува секаква можна почит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО