Дана Вајт: Картис Блејдс изгледаше глупаво

Дана Вајт не е задоволна од настапот на Картис Блејдс минатиот викенд. „Разорr“ го совлада Александар Волков со одлука на судиите, но се виде дека има проблеми со кардиото и не успеа да ја заврши борбата. Во текот на неделата, Блејдс не престана да зборува, а Дана Вајт не виде никакви случајности, туку, само приказни од Блејдс.

Претседателот на УФЦ рече дека нема да му даде шанса за титулата, бидејќи изгледал глупаво по сè што рече.

„Со овој настап и кардиото, не би стоел да ја чекав титулата, да сум на негово место. Би останал активен во кафезот. Ми се допаѓаат Картис Блејдс, но има погрешен пристап. Не ми пречи ова дете. Кога зборува глупости цела недела, како што направи тој, подобро исплескаш задникот на противникот.

Меѓутоа, кога си зборувал глупости, и потоа се претставиш како Блејдс, тогаш изгледаш глупаво. Како да му дадеш шанса за титулата? Неговите два порази се од Френсис Нгану. Како да се игнорира Нгану и да му дадеш шандса на Блејдс? Неговото кардио заврши на крајот од 3-тата рунда, но успеа да ја истера до крај и победи. Да, тој победи, но цела недела зборуваше глупости“, рече Вајт.

Блејдс има скор 14-2-1 во ММА и е во серија од четири последователни победи. Неговите два порази во ММА се од Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО