Дана Вајт: Холовеј ја доби втората борба со Волкановски

Дана Вајт верува дека Макс Холовеј бил ограбен од судиите минатиот викенд во Абу Даби.

Поранешниот шампион од Хаваите имаше реванш за титулата со Александар Волкановски и настапи многу добро. „Благословениот“ два пати го собори Волкановски, во првата и во втората рунда. Нивната битка беше доста оспорена и беше донесена одлука во корист на Волкановски.

Така, Макс загуби по втор пат од Александар и влезе во серија од два последователни порази. Холовеј загуби три од последните четири борби и повторно ќе мора да си го  пробива патот до титулата. Вајт смета дека без проблем  може да имаат трет меч, но тоа ќе се реши во наредните месеци.

„Се согласувам дека Холовеј победи во втората борба. Со оглед на околностите, веројатно нема да биде тешко да се организира трета средба меѓу нив. Не знам што ќе се случи. Момците нека одат дома и нека се одморат.

Ќе биде гадно за Волкановски, затоа што ќе се врати дома и ќе слуша муабети дека не победил на мечот. Тој победи и ја доби одлуката од судиите. Не е важно дали се согласуваме или не. Таа вечер судиите му ја дадоа победата. Ќе се приберам дома и ќе видам што следува за двајцата“, вели Вајт.

https://www.instagram.com/p/CCTujx1BajN/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON