Актерот Двејн Џонсон сака да тренира со Нгану

Не е тајна дека легендарниот кечер и актер Двејн Џонсон – Рок (Карпата) е голем обожавател на УФЦ. Џонсон го следи она што се случува во организацијата и го гледаше УФЦ 251 во Абу Даби минатиот викенд.

Двејн покажа почит кон Камару Усман и Хорхе Масвидал и им се заблагодари на сите оние што се во срцето на битките на борбениот остров.

Во својот профил на социјалните мрежи, Рок рече дека е подготвен да тренира со предзвикувачот за титулата во тешка категорија Френсис Нгану. Џонсон изјави дека Нгану го контактирал и дека наскоро ќе тренираат заедно. Карпата го предупреди дека не е подготвен за неговото темпо и ќе му биде тешко да тренира посилно од него.

Нгану му одговори на Рок со фотографија од фитнес и напиша дека се подготвува за тој тренинг. Џонсон го пофали страшниот борец од Камерун и рече дека не може да чека да го види повторно во кафезот.

https://www.instagram.com/p/CCwNBwUnPrz/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО