Александар Илиќ го донира шампионскиот појас во добротворни цели (ВИДЕО)

Популарниот српски борец, Александар Илиќ, реши да направи голем хуманитарен гест.

Еден од најпопуларните српски ММА борци и ѕвезда на КСВ, Александар Илиќ, покажа големо срце со еден многу благодарен потег. Имено, „Џокер“ својата популарност ќе ја искористи за добро дело отстапувајќи еден од своите најдраги спомени од боречките вештини.

Имено, Илиќ реши да го стави на аукција својот појас шампион на промоцијата  Мегдан ФЦ, а сите собрани пари ќе одат во добротворни цели за девојчето Софија Маркуљевиќ. Станува збор за девојче на кое му требаат пари за лекување во странство, а чија тажна приказна ја обедини нашата соседна земја. Илиќ претходно се искажаи во слична акција, како еден од најжестоките поддржувачи на „законот за Тијана“.

Илиќ го освои шампионскиот појас во април 2017 година, а еднаш го одбрани пред да замине во КСВ, каде во моментов е на сооднос од една победа и еден пораз. Последен пат настапи во ноември минатата година, кога и покрај огромната поддршка на целата Арена во Загреб беше поразен од Сезари Кесик. Оваа борба потврди колку е популарен Илиќ во целиот регион и овој гест покажува дека, покрај докажаните боречи вештини, тој поседува и големи човечки квалитети.

Аукцијата трае до 30 јули, а оној што ќе понуди најмногу пари, покрај појасот, ќе добие можност да се дружи со Александар цел ден, да вежба и да оди на вечера.

Сите информации за тоа како да учествувате во оваа хуманитарна акција можете да ги најдете на Фејсбук страницата на Александар.

https://www.instagram.com/tv/CCvvvRDluI-/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО