Дана Вајт: Хабиб Нурмагомедов останува во УФЦ! (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов нема да ја напушти организацијата наскоро. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави за ТМЗ спорт дека сè е средено.

Хабиб се закани дека ќе ја напушти организацијата, кога Вајт изјави дека неговиот тренинг партнер Зубаир Тухугов ќе биде отпуштен откако тој упадна во октагонот и го удри Конор Мек Грегор. Всушност, борбата против Артем Лобов, која требаше да се одржи на 27 октомври, беше откажана и Мајкл Џонсон го зазеде неговото место.

Вајт не беше задоволен од тепачката на УФЦ 229, но се разбира зошто емоциите на Хабиб го надвладеаја таа вечер.

„Се е во ред. Имаме добри односи со Хабиб. Не знам кој ќе биде неговиот следен противник, се уште не сме разговарале. Нека ужива човекот во победата, а потоа ќе го решиме ова прашање“, рече шефот на УФЦ.

„Се е во ред меѓу нас. Дефинитивно, тој беше вознемирен и лут. Борците се многу емотивни, а оваа битка за него беше емоционална. На крајот, Хабиб е одличен човек и секогаш сме имале прекрасна соработка со него. Хабиб останува во УФЦ. Што ќе се случи со Тухугов? Јас не сум 100 отсто сигурен за неговата иднина со нас“, рече Дана Вајт за ТМЗ спортс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО