Дана Вајт: Доналд Трамп и Владимир Путин се поканети на УФЦ 229 (ВИДЕО)

Сите знаеме дека има голем интерес за УФЦ 229 настанот, односно за мечот Хабиб – Мек Конор и ќе донесе многу приходи на УФЦ, но и на актерите на оваа борба. Дана Вајт не престанува да го фали овој настан и тоа е нормално, затоа што привлекува поголемо внимание и го продава. Денес, во едно интервју рече за овој настан се поканети и американскиот и рускиот претседател.

„Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин се секогаш поканети и добредојдени на нашиот настан. Доналд ми рече дека нема да може, но ќе го купи ППГ пакетот. Многу луѓе од штабовите на Хабиб и Мек Грегор ќе бидат на настанот. Генерално, не бев нервозен на прес-конференцијата, но кога Конор му понуди на Хабиб виски и тој одби, мислев дека Конор може да го полее со виски. Затоа бев нервозен.

Во суштина, не пијам виски, затоа што е премногу тешко за мене, но тоа виски го бидуваше. Не го велам тоа, бидејќи тоа е виски на Конор, но тоа е така и ако не верувате во тоа, пробајте го“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON