Дана Вајт: Дон Анхош треба да биде уапсен поради обид за убиство на Нејт Дијаз!

Dana vajt

Дана Вајт призна дека не знаел што ќе прави со својот помлад брат Дијаз, во случај Нејт во УФЦ на Фокс 13 го победеше Рафаел дош Анхош. 

Нејт Дијаз не победи. Дош Анхош го демолираше во три рунди и на крајот победи со едногласна одлука на судиите. Вајт уште не е сигурен што да прави со поранешниот предизвиувач во лесна категорија.

 „Имам многу проблеми со Нејт“, рече Вајт и продожи: „Нејт отсекогаш ми беше драг како личност, но тој си е најголемиот непријател. Тој рече дека сака повеќе пари, а на мерењето дојде со 2 килограми повеќе и изгуби 20 отсто од хонорарот“.

Претседателот на УФЦ го пофали Дијаз.

 „Нејт е многу здрав и издржлив. Доби жестоки ниски удари. Дос Анхош, темелејќи се на оваа борба треба да биде уапсен за обид за убиство. Тој го уништи Дијаз. Тоа беше борба со еден борец кој напаѓаше, а другиот само се обидуваше да се брани“.

 „Треба прифатите одредена доза на незаинтересираност и неодговорност кога работите со браќата Дијаз“, додаде главниот човек на УФЦ.

„Нејт мора да биде сериозен, да си ги среди работите во главата или да се пензионира“, констатираше Вајт.

Нејт Дијаз по натпреварот изјави дека бил хендикепиран во борбата затоа што се здобил со повреда на тренингот, но не сакаше да ја откаже борбата бидејќи му се потребни пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON