Дана Вајт: Де ла Хоја се враќа зашто му требаат пари за кокаин

Дана Вајт ја продолжи вербалната војна со Оскар де ла Хоја кој неодамна објави дека се враќа на рингот на 47-годишна возраст.

Златното момче е извршен директор на „Голден бој промоцијата“, а на крајот на 2018 година ја организираше деби галавечерта во ММА. Тој ги натера легендите на УФЦ Тито Ортиз и Чак Лидл да се борат, а на Дана Вајт воопшто не му се допадна тоа. Нивната расправија е далеку од завршена, а Дана не е премногу возбуден поради враќањето на Оскар.

Де ла Хоја се повлече од боксот во 2008 година со скор 39-6 во професионалната кариера, откако загуби од Мани Пакијао. За време на прес-конференцијата по УФЦ на 15 ЕСПН, Дана Вајт го изјави следново кога го прашаа за враќањето на Де ла Хоја во рингот:

„Кокаинот не е евтин. Оваа работа е скапа. Мора да заработиш пари“.

Порано беа пријатели, но пред неколку години Оскар беше критичен за борбата меѓу Флојд Мејведер и ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор. Оскар ги повика љубителите на боксот да не купуваат платени гледања за овој меч, а Дана не беше среќен и така почна нивното непријателство.

https://www.instagram.com/p/CCUHb4Ql7Is/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEDOG4gFXDX/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON