Дана Вајт: Ако сте многу паметни, тогаш вие плаќајте ги борците

Дана Вајт има понуда до сите луѓе кои go критикуваат за ниските плати во УФЦ. Претседателот на најголемата ММА организација ги повика сите експерти да се натпреваруваат со него и да им дадат повеќе пари на своите борци.

Во последниве години, честопати видовме борци и медиуми како зборуваат за ниски плати во УФЦ. Сите go обвинуваат Дана за неговиот луксуз, а борците се мизерни и честопати повикуваат на финансиска помош на социјалните мрежи.

Вајт тврди дека вложиле многу пари во развојот на спортот, a ова е нешто што не го направија во боксот. Тој не сака да се расправа со оние што го критикуваат затоа што тоа се луѓе кои не разбираат бизнис.

„Во боречките спортови секој сака да добие повеќе пари. Ова никогаш нема да престане. Впрочем, ние водиме бизнис. Има причина зошто сме толку успешни. Дали знаете колку пари вложуваме за развој на спортот?

Ова е нешто што тие никогаш не го направиле во боксот. Ова е една од милионите работи што се заебани во боксот. Кога водите бизнис, тогаш треба да знаете кој сте.

Кои сте и што сте направиле за луѓето. Овие работи другите не ги знаат. Не ми е битно. Затоа не се бранам кога зборуваат за плаќање на борците.

Овие луѓе немаат идеја за што зборуваат. Ако имате концепт и се сметате за паметни, тогаш натпреварувајте се со мене. Плаќајте ги борците повеќе од мене и правете си работа. Погледнете како функционираат работите“, порача Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО