Дан Хендерсон повторно воскресна!

Dan Henderson

Дан Хендерсон (44 години) докажа дека се уште има леб во него, откако го победи за само за 28 секунди Тим Ботч – Варваринот на ММА галавечер од синџирот УФЦ во Њу Орлеанс. Американецот успеа да го собори својот ривал со својата сакана десница и потоа продолжи да нанесува удари пред да интервенира судијата.

 „Кога реков дека не сум завршил, никој не ми веруваше. Затоа морав да излезам и да го докажам тоа. Се чувствувам одлично“, рече ветеранот.

 Хендерсон имаше само една победа во претходните шест натпревари. Поранешниот шампион додаде дека нема трпение повторно да влезе во октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО