Дамјан Трајковски го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција на Балканското првенство во таеквондо што се одржува во Самоков, Бугарија.
Медалот е освоен во категоријата над 78 килограми А класа.
Трајковски, кој инаку е член на ТДК Кобра, е дел од македонската репрезентација на Балканското првенство за деца, кадети, јуниори и сениори која брои 30 члена.
Денеска се натпреваруваа кадети и јуниори, а утре деца и сениори.
Покрај тоа, од овој клуб е и единствениот интернационален судија Катерина Михајлова, како и натпреварувачите Лина Ќуштерова и Благој Свинарски.