Дамјан Цингарски ги предводи македонските аикидоки на Светскиот аикидо самит Токио 2024

Македонски аикидоки на Светскиот аикидо самит во Токио 2024
Во олимписката година уште тројца претставници од Македонија ќе
учествуваат на настан од светски рамки, а кој се однесува на боречката
вештина аикидо. Од 2 до 5 октомври Македонската aикидо федерација
– аикикаи Македонија (www.aikido.mk) ги испраќа Дамјан Цингарски, Марија
Дојчиновска и Веда Јегени, сите од клубот Хенбо од Скопје, на Светскиот
аикидо самит кој, како и Oлимпијадата, се одржува еднаш на секои четири
години во Јапонија, земјата од каде потекнува аикидото.

?

„Нашите претставници во рамки на самитот ќе изведат двоминутна

демонстрација, претставувајќи ја Македонија, пред самиот врв на аикидо
вештината во светот, водачот на Аикикаи фондацијата – Моритеру Уешиба
(Moriteru Ueshiba), најголемите имиња на денешното аикидо, учителите од
светското седиште на Аикикаи фодацијата – Хомбу доџо, како и пред
бројната публика што ќе биде присутна да го проследи настанот од
трибините на Јојоги олимпискиот центар во Токио“, велат од Македонската aикидо федерација – аикикаи Македонија и додаваат:

„Демонстарции ќе изведат и сите други присутни претставници на скоро сите
земји од светот, како и најистакнатите мајстори на вештината аикидо.
Секоја демонстрација е всушност кореографија на борба, или поточно
кажано, демонстраторот исполнува разни техники за одбрана и совладување
на еден или повеќе напаѓачи, кои во секоја од демонстрациите се во улога
на асистенти. Целта на секоја демонстрација е да се прикаже
хармонизираноста на учесниците без разлика дали се наоѓаат во улога на
нападнат или напаѓач, и да се нагласи ненасилниот карактер на
разрешувањето на конфликт“

Од нашата федерцаија истакнуваат дека во аикидо вештината не постојат натпревари, па затоа таа и не може да го најде своето место на олимписките игри, но затоа таа како таква, вештина со приказен, демонстративен карактер, има разни платформи за средби на аикидоки од целиот свет, каде што аикидо приказите служат за да се види постигнатото ниво на учесниците.

Настанот ќе може да се проследи на социјалните мрежи.

Испраќањето на нашите македноски аикидоки го помогнаа следните
македонски компании: Рамсторе Македонија ДОО, М.Г. ФЕШН ДОО, Луна
корпорација ДОО, Тинекс-МТ ДООЕЛ, Вју ин бутик хотел ДООЕЛ и АНГО
КОНСАЛТИНГ ДОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО