Далибор Богданов против Абасов на Светското првенство во самбо

Далибор Богданов утре ги почнува борбите на Светското првенство во самбо кое се одржува во Бисехек, Киргистан. Во првото коло ќе се сретне со репрезентативецот на Израел Тариел Абасов.

Тие ќе борат во категоријата до 71 килограм за сениори во комбат самбо.

Денеска Теодора Димеска (50 кг) во спорт самбо загуби од натпреварувачка од Узбекистан.

Светското првенство е со големи парични награди. За првото место наградата е 10.000 евра, второто 5000 и третите по 3000.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО