По фантастичната борба против Дионтеј Вајлдер и враќањето на најпрестижниот шампионски појас во светскиот бокс, името на новиот првак, Тајсон Фјури, се поврзува со гостување во Скопје и тоа кон крајот на следниот месец.
Според пишувањето на порталот Рома Тајмс, многу лесно може да се случи боксерот да биде учесник на Конгресот на Интернационалната унија на Ромите (ИРУ). Во моментов се вршат преговори со пи-ар службата на Фјури, па ако во терминот од 26 до 29 март, за кога е закажан составнокот на ИРУ нема некоја друга поважна активност, тој дефинитивно ќе ја посети Македонија.
Фјури, кој е познат и како „Кралот на Ромите“, е еден од најспектакуларните боксери на денешницата, кој прво замина во пензија, па потоа на најдобар начин се врати со триумф изминатиот викенд во пресметката со Вајлдер.