Дали бокс со голи раце е новата „златна рипка“ на Конор Мек Грегор? (ВИДЕО)

Познатиот удирач Дауд „Стански“ Келбиханов зборува за потенцијалното деби на поранешниот шампион во две тежини на УФЦ, Конор Мек Грегор во борби со голи раце.

Потсетуваме дека Мек Грегор присуствуваше на промотивниот турнир на БКФЦ каде се најде очи во очи со Американецот Мајк Пери.

„За жал, не можев да го гледам турнирот, но ги видов најважните моменти. И фактот дека Конор се појави… Мек Грегор е бизнисмен. Знае каде да ја фати златната рипка. Не би бил изненаден ако излезе со голи раце.

За Ирците ова е блиска тема. Ако се бори со голи раце, тоа ќе ја подигне индустријата. Јас сум за тоа. Се надевам дека ова ќе се случи“, изјави Келбиханов во интервју за Championat.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО