Во медиумите одекна веста дека ММА борецот од Дагестан Мариф Пираев избегал откако добил повик за мобилизација.
Имено, руските власти најавија општа воена мобилизација поради инвазијата на Украина која започна во февруари.
Многу спортисти добија покана за војска, вклучувајќи го и Пираев. Првите информации беа дека Мариф ја напуштил татковината откако бил повикан од Комисијата за регистрација на нови војници.
„Мариф беше поканет, а потоа побегна“, изјави боксерот Шамил Гамилов, против кого Пираев требаше да се бори во јули.
Откако светските медиуми објавија дека побегнал од татковината, Мариф Пираев се јави преку Инстаграм.
„Опуштено. Отидов на социјалните мрежи и прочитав многу за себе. Пријатели, поминав една недела во тренинг камп во татковината на мојот брат, проучувајќи ги спецификите на грузиското борење. Да, јас сум повреден, моите борби се уште се под знак прашалник, но тоа секако не ме спречува да се вратам во Русија во блиска иднина“, напиша Мариф Пираев и продолжи:
„За оние кои се особено заинтересирани, ќе ви објаснам. Не добив наредба, но ако треба да се брани татковината – ќе добијам! Никогаш не бегав од војска, секогаш искрено ги исполнував обврските. А на оние кои беа најгласни им велам да се грижат за себе и да бидат одлучни во односот кон татковината и воениот рок“.