Руската ѕвезда на боречките вештини, Вјачеслав Дацик, се уште е активен во спортот и покрај тоа што има 42 години.
„Црвениот Тарзан“ направи боксерски меч со Сауло Кавалари. Тие се бореа во полуфиналето на боксерскиот турнир на организацијата Правда. Нивната битка се водеше во тешка категорија и траеше само 40 секунди. Дацик победи со нокаут.
За цело време поранешниот затвореник се обидуваше да зададе силен удар. На крајот успеа и го нокаутира Кавалари, кој е поранешен шампион во полутешка категорија на Глори.
Ова е втора битка за Дацик во 2022 година. Во февруари имаше боксерски меч со Зелимхан Дукаев и загуби со одлука на судиите.
https://www.youtube.com/watch?v=Al4IbAPPpVI