Екипата на Пинк Пнатер во 10.коло на Регионалната боксерска лига во Загреб загуби со Сесвете 0-16. И пред почетокот на мечот забрепчани беа фаворити. Сепак, една од борбите која заврши со судсика одлука меѓу Тамаш Килити и Алмир Нуришов (-56 кг) не била баш така како што покажува одлуката. И нашите тренери забележаа дека Денис Муаремовски бил поблиску до победата во изедначената борба, иако во третата рунда паднал на физички план.
И Муаремовски не може да се помири со оваа одлука. Од друга страна, треба да се има во предвид дека во првата средба Денис го победи боксерот на Сесвете, па така ќе имаше скор од 2-0 со боксерите на овој клуб.
„Многу сум разочаран од одлуката на судиите и се надевам дека во понатамошните борби ќе се подобрат во судењето и ќе судат реално, како што треба“, вели Муаремовски и посочува зашто требало тој да победи: „На домашниот боксер стратегијата му беше да ме држи на дистанца, за што бев свесен, ама имав многу почисти удари и сум сигурен дека одлуката не е коректна“.
Ipon.mk/В.Д.