Бразилскиот ММА борец, 37-годишниот Жуниор дош Сантос по 12 години го напушти УФЦ. Поранешниот шампион во тешка категорија имаше 23 борби во најсилната ММА промоција, а сега ќе мора кариерата да ја продолжи на друго место. Тој беше отпуштен по четири порази по ред (Нагану, Блејдс, Розенструик и Гане).
Цигано се прости од УФЦ со објава на Инстаграм.
„Ви благодарам УФЦ за одличните 12 години. Се борба поминав преку многу убијци за да добијам шанса да се борам за појасот. Држењето на шампионскиот појас и неговото бранење беше најголема чест во мојот живот. Благодарност до секој противник, секој навивач и секој критичар“, рече Жуниор дош Сантос и најави дека ќе ја продолжи кариерата.