Целата боксерска репрезентација на Германија заразена со Ковид-19

Целиот германски боксерски тим е заразен со коронавирус, односно 18 боксери и седум тренери на германската репрезентација, пренесува ХИНА.

Спортскиот директор на националниот тим, Мајкл Милер, изјави дека некои од заразените имале благи симптоми на болеста, но дека повеќето од нив се без симптоми. Тие во моментов се во карантин во еден хотел, каде ќе останат во следните 14 дена.

Бидејќи се чувствуваат добро, репрезентативците изведуваат лесни тренинзи.
Инаку, националниот тим се зарази за време на подготовките во Лангенфелд во Тирол, Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО