Бучим Шампиони Конче го крена спортскиот дух во Општина Конче

Боречкиот клуб Бучим Шампиони Конче го враќа спортот во Општина Конче со огромен ентузијазам и со помош од Општина Конче и градоначалнокот Благој Илиев.

Во клубот тренират и ги запознават тајните на борењето 50-на деца на возраст од 8-12 години, а тренинзите се одвива во општинската сала. Поради пандемијата на Ковид-19 сега тренинзите се одвиваат на отворено и се тренира три дена во неделата.

Младите таленти од Конче имат можност да навлезат во тајните и основите на боречкиот спорт водени од долгогодишниот борач и тренер Тони Танчев кој зад себе има големи трофеи. Како борач беше учесник во историскиот успех на Бучим -Јака кој ја освои светската и европска клупска титула, а како тренер на Бучим – Радовиш на изборните шампионати и државните првенства за кадети, млади до 20 год, млади до 23 год,сениори и лига натпреварите Бучим Радовиш беше повеќе пати државен првак на Македонија.

Советот на Општина Конче на задоволство на најмладите ја прифати програмата на Бучим Шампионо Конче за 2020 година.

„Целта на клубот е за 3-4 годино да се направи екипа која ќе може рамноправно да учествува на сите натпреварувања во рамките на Боречката федерација“, вели тренерот Тоне Танчев кој додава дека благодарениеи на родителите на децата, како и на поранешни спортисти борачи успешно се реализира идејата враќање на борење во Општина Конче.

Бучим Шампиони Конче воспоставува контакти со другите борачки клубови за да може децата преку спортот да стекнуват нови пријателства со своите врсници, истакнува Танчев, додавјќи дека со отворањето на новата спортска сала клубот ќе врши уписи на нови членови, притоа ќе се создават услови за модерно усовршување на боречкиот спорт и можност за нови таленти кој со успешна работа може да прераснат во добри борачи.

„Спортскиот дух спортувањето нека е главна алка на спортско образование на најмладите. Да го користат своето слободно време во спортување. Со отварањето на новата прекрасна спортска сала децата од Општина Конче добиват супер можност за своја спортска надградба“, потенцира тренерот Танчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО