Црвена ѕвезда во предност пред финалето со Лозница; Витезови: Срамот се претвори во циркус

Црвена ѕвезда и Лозница вечерва во Скопје ќе ги одмерат силите во финалето на Регионалната бокс лига за шампион со почетокот во 20 часот на плоштадот „Македонија“.   

Ѕвездаши се во предност бидејќи во две категории немаат противници, а вклучуваат и двјаца нови Руси во составот, така што може да с еочекува тие да ја освојат титулата.

Сепак, се уште е актуелна борбата од вчерашното полуфинале меѓу Лозница и Витезови кое заврши 12-10, односна пресметката Санел Хасановиќ – Јосип Ќориќ во категоријата над 92 килограми која заврши со конкроврзна победа на боксерот на Лозница од 3-2.

„Срамот се претвори во циркус“ е насловен текстот објавен на официјалната страница на Фејбук на Хрватскиот боксерски сојуз.

„Регионалната боксерска лига наместо спектакл на главниот плоштад во Скопје заврши со тежок скандал.

Загребските Витези се исфрлени од финалето со судиска измама за да се борат два српски клуба Лозница и Црвена ѕвезда!

Украдена е заслужената победа на Јосип Ќориќ во супертешка категорија, за победник беше прогласен за репрезентативецот на Лозница, Санел Хасановиќ, кој поради ударите кои ги претрпе од Ќориќ мораше да го откаже настапот во финалето (денес).

Значи „големото“ финале во Скопје почнува со 6-0 за Ѕвезда (а не „само“ 4-0 како што се наведува во официјалнaта листа на борби)!

Лозница губи и без борба во најлесната категорија до 54 килограми во која се запишаа бодови против загребските Витези, кои искрено известија дека немаат соодветен претставник во бантам категорија!

Црвена ѕвезда во финалето се бори со половина рускиот тим – пет руски боксери!

Регионалниот натпревар е сериозно компромитиран и доведен во прашање

„Одлично“ финалето започнува со 6:0!“, пишува на страницата на Хрватскиот боксерски сојуз.

Црвена ѕвезда – Лозница

-54 кг Омер Аметовиќ – нема противник     2-0
-57 кг Тамир Галанов – Брсан Гурдијелјар
-60 кг Назиф Сејди – Един Алјковиќ
-63,5 кг Алексеј Шендрик – Семиз Аличиќ
-67 кг Павел Федоров – Ненад Јовановиќ
-71 кг Сандро Полетан – Џељан Тоскиќ
-75 кг Алмир Мемиќ – нема противник         2-0
-80 кг Алекса Марковиќ – Даниел Филиповиќ
-86 кг Александар Мирончиков – Сетфан Ристановиќ
-92 кг Садам Магомедов – Слободан Јовановиќ
+92 кг Сергеј Калчугин – Санел Хасановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО