Чурлиновски: Репрезентацијата ќе има 17-дневни подготовки за „Златниот гонг“!

За да се претстави во што подобро светло македонската боксерска репрезентација за Меѓународниот турнир „Златен гонг“ во Скопје ќе има заеднички  подготовки со српската селекција во Штип од 23 октомври до 8 ноември.

„Заедничките подготовки се почеток на една соработка на БФС и БФМ, која ќе биде со репороцитет. Подготовките ќе послужат за размена на искуства, подобрување техничко-тактичкото изградување на самите боксери и квалитетни спаринзи“, вели селекторот Петре Чурлиновски.

Нашиот селектор смета на 10-тина потенцијални репрезентативци кои ќе бидат на подготовките, дел од нив, а можеби сите да настапат на Адем Јашари во Приштина. потоа се враќаат на подготовки до 8 ноември, кога ќе се префрлат во Скопје.

„Од вкупно 17 дена, тие ќе бидат поделни на два микро-циклуси од по 9 дена. Во првиот микро-циклус ќе даде акцент на подобрување на функционалните особини на боксерите, односно физичката подготвеност, како и на усвовршување на техниките на напади, одбрани и контранапади со два тренинга дневно. На вториот микро-циклус ќе се даде акцент на специфичната физичка подоготвеност, техничко-татктичка работа на справи, условни борби и индивидуално усвовршување со тренинг на раце“, истакнува Чурлиновски и додава:

„Сметам дека со овие подготовки ќе ги  постигнеме бараните особини на боксерите за учество на еден ваков силен меѓународен турнир, имајќи ги во обѕир земјите учеснички на турнирот „Златен гонг“. Турнирот „Адем Јашари“ ќе биде контрола пред учеството на Златниот гонг“.

Нашата репрезентација најверојатно ќе настапи со 10 боксери на Гонгот.

Прва и Младинската лига, смета Чурлиновски, од коло во коло е подобра, а со тоа се подобрува и квалитетот на самите боксери што учествуваат. Тој потенцира дека неколку клуба предничат во однос на останатите. За настапот нанашите боксери во Регионалната бокс лига вели дека се уште не сме подготвени со боксерски потенцијал да се спротиставиме на силните екипи од поранешна Југославија, во кои боксот е во подем.

Според Чурлиновски, број еден боксер во моментов е Гоце Јанески, а потоа следат Лулзим Исмаили, Алмир Насуфи и останатите помлади боксери.

„Во заеденички договор со Федерацијата на Србија договорено е да имаме заеднички подоготовки во Штип. Тие ќе допатуваат на 30 октомври и заедно ќе одиме на Зланиот гонг кој годинава ќе има учесници од Европа и пошироко. По завршување на Гонгот двете репрезентации ќе отаптуваат на Златибор на подготовки за Златната ракавица во Белград на 24 и 25 ноември“, истакна потпретседателот на БФМ, Благој Донев.

На 3 и 4 ноември репрезентативците ќе учествуваат и на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON