Чурлиновски: Ќе ја оствариме нашата цел – освојување на шампионската титула!

Баргала со 26 бода е на првото место во Младинската бокс лига пред екипата на Чаир.

Штипјани во 2.коло на Првата и Младинската бокс лига за сениори и јуниори кое во саботата се одржа во Скопје имаа стоотстотен учинок, односно во четири борби извојуваа исто толку победи, една во сениоркса и три во кадетско-јуниорска конкуренција. Победи во сабота извојуваа Елес Асанов, Ејдин Јашар и Серген Демиров во кадетска конкуренција и во сениорска конкуренција Мите Јорданов.

Тренерот на екипата Петре Чурлиновски има место за задоволство, бидејќи неговите боксери од коло во коло покажуваат се подобри борби и резултати.

„Сето ова е одраз на максималната стручна работа со младите боксери кои за прв пат зачекорија во кадетската конкуренција. Докажаа на останатите боксери дека се разликуваат со начинот и стилот на борбата. Не сум изненаден од успехот, затоа што работам на таа цел да го остварам. Задоволерн сум од боксерите кои го даваат максимумот. Трката за првото место ќе биде неизвесна, затоа што остануваат уште 4 кола, но ќе се потрудиме да ја оствариме нашта цел, иако имаме млаку боксери, да ја освоиме шампионската титула. Во периодот што претстои ќе ставам акцент на нивната подготвеност за да ги оствариме зацртнаите резултати“, вели Чурлиновски кој во БК Чаир гледа сериозен конкурент за титулата, што е и за поздравување.

Чурлиновски вели дека во сениорска конкуренција однонсо Првата лига заостануваат бидејќи настапуваат само со еден боксер, а во најскоро време очкуваат уште еден.

„Сепак работиме да настапуваме со што повеќе боксери во Лигата, што е обврска на сите клубови во државата. Елес Асанов и Алпај Демиров се издвојуваат со квалитетот во Баргала, а надеж даваат и Серхан Демиров и Јашар Ејдин“, истакнува Чурлиновски.

Претседателот на Баргала и потпретседателот на Боксеркста федерација на Македонија (БФМ) Благој Донев вели:

„Задоволен сум од досегашниот развој на натепреварите во Првата и во Младинската лига. Наскоро ќе имаме состанок со сите тренери од клубовоите за да се согледаат позитивните и некои негативни работи што се појавија во овие две кола, а ќе разговарме и за подготовките за Златниот гонг, кои веќе се во тек“.

Донев исткана дека во наредниот период ќе биде поделена новата опрема (маички и гакички) по клубовите.

 2.коло Прва и Младинска лига

кадети
-57 кг Лука Филиповиќ (Фајтер Илири) – Елес Асанов (Баргала) 0-3
-66 кг Ејдин Јашар (Баргала) – Ријад Ајдини (Шкупи) 2-1
+80 Сабит Сулејмани (Чаир) – Серген Демиров (Баргала) 0-3

сениори
+91 кг Мите Јорданов (Баргала) -Серхан Џаферовски (Ас) 3-0

Табела Младинска лига

1.Барлага                                          26         
2.Чаир                                                23
3.Пинк Пантер                                  18
4.Шкупи                                             13
5-6.Ас                                                  6
5-6.Универзлаци                               6
7-8.Лав Куманово                             5
7-8.Аперкат                                        5
7-8.Тернипе                                        5
9-10.Фајт Илери                                 2
9-10.Шкендија но лимит                 2
11.СЦБТ                                               1

Табела Прва лига

1.Чаир                         15
2.Аперкат                    8 
3.Шкупи                       6
4-5.Барлага                  4
4-5.Пинк Пантер          4
4-5.Лав Куманово        4
6-7.АС                           3
6-7Тернипе                   3 
8.10 60                          2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО