Чисора режираше пресврт и го нокаутира Такам (ВИДЕО)

Дерек Чисора ​​(29-8, 21) во Лондон режираше пресврт и го победи Карлос Такам (35-5-1, 27 КО).

Во мечот за испразнетата ВБА Меѓународна титула во тешка категорија во воведниот дел на настанот Вајт-Паркер, Чисора во 8-та рунда го нокаутира поранешен предизвикувач за титулата во тешка категорија.

Во моментот на победа на 34-годишниот боксер роден во Зимбабве беше во значителен резултатски заостаток.

Такам веднаш тргна напред и го држеше Дел Бој речиси целата прва крунда до јажињата и во аголот и притоа неколку пати сериозно го погоди.

Во втората Чисора ја зазема средината на рингот и пласира неколку удари, додека Камернуцет се движи околу него и без проблеми погодува со серија на тешки удари.

Во третата Чисора поовторно оди напред, но фрла помалку и добива повеќе удари.

Домашниот боксер со удари во телото успеа да му нанесе штета во четвртата, но Камернуцетот пред крајот на рундата пак успеа опасно да го притисне.

Во петата Такам беше малку подобар, но во шестата маваа тешки удари во блиска борба од двете страни.

Во седмата Чисора е во подредена положба. Прима тешки удари во аголот, но успева да врати со истамерка од време на време.

По една минута борбата во осмата рунда Чиосра со десно кроше го соборува Такам. Некако успева да одговори на броењето, но Чисора со десен оверхенд го праќа на грб и ја завршува борбата.

https://twitter.com/Daily_Bruise/status/1023315747878182912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1023315747878182912&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D737780

Дејв Ален (14-4-2, 11 КО) приреди изненадување брутално нокаутирајќи во четвртата рунда претходно непоразената тешкашка надеж Ник Веб (12-1, 10 КО).

30-годишниот Веб од претходната битка во февруари го нокаутира на Анту Веронику, додека 26-годишниот Ален кон крајот на јуни загуби со прекин на Тони Јока.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО