Дерек Чисора се закани дека ќе го спаси боксот од „досадниот“ Кубрат Пулев. Двајцата ќе се сретнат во Хамбург во сабота, а влогот е европската титула во тешка категорија и меч против светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа.
„Ќе го тргнам источноевропскиот робот Пулев, кој иронично се нарекува Кобра, од патот кон светската титула. Колку и да го полираш едно лајно, тоа си останува лајно, а не злато. Пулев е гомно. На крајот на мечот ќе го оставам да лежи на подот“, се закани Чисора.
Пулев се надева дека неговиот конкурент навистина ќе се фрли во напади, без да се потпира на стратегија.
„Ако тргне да бара брз нокаут, веднаш ќе ги открие картите. Но тој не умее да боксира паметно. Покрај физичката подготвеност Чисора нема што да понуди. Отстранете ја и тој останува целосно беспомошен. Тој не победувал боксери дури и како Тони Томпсон. По средбата судијата ќе ја подигне мојата рака, а Чисора може да замине во пензија“, му одговори Пулев.