На почетокот на годината беше договорен меч за обединување на појасите на шампионот во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик.
Но, преговорите беа прекинати кога Украинецот се повлече, бидејќи Кралот на Ромите постојано поставуваше нови барања.
Љубителите на боксот беа страшно разочарани од таквиот исход, Фјури и Усик се свртеа кон нови предизвици.
На 28 октомври Фјури ќе боксира против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, а влогот во мечот нема да биде појасот на ВБЦ.
Но, Усик влегува во рингот веќе овој месец. Украинецот ќе го брани шампионскиот појас на ИБФ, ВБА и ВБО против Даниел Дубоа на 26 август во Полска.
А Хрговиќ го задржа статусот на прв предизвикувач со саботната победа против МекКин и треба да биде следен во редот за борба против победникот од мечот Усик-Дубоа.
Некои се надеваа дека Фјури и Усик можат да договорат борба по тие мечеви, но британскиот боксер Дерек Чисора верува дека сега во игра ќе влезе Хрговиќ.
„Не сум сигурен дека борбата меѓу Усик и Фјури некогаш ќе се случи, барем не толку брзо. Филип Хрговиќ е задолжителен предизвикувач на ИБФ и веројатно ќе ја бара својата можност“, рече Дерек Чисора и додаде:
„Верувам дека има многу борци кои го чекаат својот ред како задолжителни предизвикувачи, така што мислам дека таа борба нема да се случи, а Фјури допрва треба да се бори со Нгану“.