Чисора над 4 килограми потежок од Паркер (ВИДЕО)

Дерек Чисора (32-10, 23 КО) се покажа дека е потежок за 4,3 килограми од поранешниот светски шампион на ВБО, Џозеф Паркер (28-2, 21КО). Тие се соочија на мерењтео пред нивната борба утре, 1 мај, во Манчестер.

37-годишниот Чисора тежеше 113,7 кг, додека неговиот противник беше 109,4 кг. Тие повторно покажаа почит еден кон друг, изостанаа традиционалните закани и провокации на Делбој. Британецот и единствениот светски шампион во тешка категорија досега од Нов Зеланд покажуваа пријателски односи цела недела, а во четвртокот дури и појадуваа заедно пред нивната заедничка прес-конференција. Се надеваме дека во сабота навечер, кога ќе влезат во рингот, ова ќе се промени и ќе бидеме сведоци на квалитетен и привлечен меч.

Во другиот меч кој се очекува со зголемен интерес ќе се соочат апсолутната светска шампионка во лесна категорија Кети Тејлор (17-0, 6 КО) и претставничката на Ливерпул, Наташа Џонас (9-1-1, 7КО). Ирката, која е исто така освојувачка на златен олимписки медал од Лондон 2012 година, ќе се обиде да ја забележи 11 последователна одбрана во најмалку еден од четирите појаси што ги држи. Тејлор на последната средба ја победи Миријам Гутиерез (13-1, 5КО) во ноември 2020 година.

Програма на гала вечерта во Манчестер
Дерек Чисора (32-10, 23КО) – Џозеф Паркер (28-2, 21КО)
Дмитри Бивол (17-0, 11КО) – Крег Ричардс (16-1-1, 9КО)
Џејмс Тенисон (28-3, 24КО) – Џовани Страфон (23-3-1, 16КО)
Кети Тејлор (17-0, 6КО) – Наташа Џонас (9-1-1, 7КО)
Крис Јубенк Јуниор (29-2, 22КО) – Маркус Морисон (23-3, 16КО)
Скот Фицџералд (14-0, 9КО) – Грегор Тренел (13-6-2, 3КО)
Кембел Хатон (1-0, 0КО) – Леви Дан (0-4, 0КО)
Они Фишер (1-0, 1КО) – Фил Вилијамс (3-27-1, 1КО)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON