Јапонски сумо-борач почина откако ривалот му го скрши вратот (ВИДЕО)

Сумо борачот Хибикуру почина денеска во болница откако пред еден месец го скрши неговиот врат во борба.

Борачот се повреди на 26 март, кога противникот го фрли во борилиштето, а тој падна на глава и неколку минути остана да лежи.

Јапонските медиуми објавија дека за време на борбата немало медицински лица кои можеле да му помогнат на сумо-борачот.

Хибикуру дебитираше во 2011 година и стигна до 24. позиција во конкуренција на 200 сумо-борачи, во четвртиот ранг од шест во сумо борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО