Чисора и Вајт се пресметаа со столови и маси на прес-конференцијата (ВИДЕО)

ciosra-vajta-se-stepaa-na-press

Супертешкашите на Англија, Дерек Чисора и Дилејн Вајт борбата за титулата ја почнаа бобено уште на прес-конфернцијата зашто тргнаа да се епаат уште пред да бидат измерени.

Прес-конференцијата на Дерек Чисора и Дилејн Вај се претвори во една вистинска тепачка во која летаа и столовите, односно масите кои беа дел од декорот на овој собир.

Повод за тоа беа меѓусебните навреди кои си ги упатуваа еден кон друг. А кога конечно се му дојде преку глава, Чисора збесна. Прво ги симна темните очила, а потоа се фати за масата и ја фрли во насока на противникот.

Поради сето тоа мораше да интервенира и обезбедувањето, но камерите кои беа поставени за овој собир, стигнаа да го забележат овој нималку посакуван момент кој се претвори во вистински инцидент.

Неофицијално е дека Чисора не можел да ги истрпи провокациите на сметка на неговиот тренер Марк Тибс.

Поради овие тензии промотрот на мечот, Еди Херн, на Твитер профилот потврдил дека ќе има посебно мерење за двајцата противници, кое е презакажано за петок.

Ако се биде во ред, тогаш Чисора и Вајт ќе се борат за британската титула во супертешка категорија на 10 декември во Манчестер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON