Дерек Чисора (29-8, 21 КО) и Дилиен Вајт (24-1, 17 КО) во сабота ќе се борат во Лондон по втор пат.
Во првиот меч, кој беше прогласен за најдобра борба во 2016 година, Вајт победи со поделена одлука на судиите.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=jcXcD_DJp_4
Оттогаш Јамајканецот ги нокаутира Лукас Браун и Малколм Тана, а на поени ги победи Роберт Хелениус и Џозефа Паркер.
Чисора е од таа борба 3-1. Го нокаутира Роберт Филиповиќ, а потоа загуби со едногласна одлука од Агит Кабајел во мечот за титулата на ЕБУ, а со прекин го совлада Закарија Азузизи и Карлос Такам.
Победникот на овој меч, особено ако тоа е Вајт, ќе биде во најтесниот избор за следен противник на Ентони Џошуа. Светскиот шампион во тешка категорија во 2015 година му го нанесе единствениот пораз во кариерата на Вајт.
.