Лошото момче на англискиот бокс, Дерек Чисора, ќе сноси тешка санкција за уште еден испад. Во средата се надмина себе. За време на официјалната прес-конференција пред неговиот меч со Дилејн Вајт тој полуде откако доби закана по животот. Чисора удри по масата, а потоа ја крена и ја фрли кон противник.
Дури и интервенција на обезбедувањето не успеа да го заузда побеснетиот боксер, а неговиот промотор Кале Зауерланд не смееше да се доближи.
Генералниот секретар на Британскиот бокс борд, Роберт Смит, потврди дека ќе има финансиски казна за Чисора. Се очекува глобата да биде со петцифрена сума, бидејќи тоа не му е прв испад на овој боксер. Тој се замеша и во тепачка со Дејвид Хеј, како и за непристојно однесување со браќата Кличко. Во мај Англичанецот ја испокрши кујната на хотел во Хамбург за време на мерењето со Кубрат Пулев, откако беше нападнат со шише во главата.