Чисора: Беше тешко против Пулев, но сега го сакам Вајлдер

Дерек Чисора беше подобар од Кубрат Пулев, победувајќи го соподелена судиска одлука – 116-112, 112-116, 114-116 пред околу 7.000 гледачи во О2 арената во Лондон.

Со победата Чисора се реваншираше за поразот од Пулев во 2016 година.

„Никогаш не избирам лесни борби, претпочитам тешки противници“, рече Дерек Чисора по победата над Кубрат Пулев во тешка категорија.

„Беше тешко. Немам многу време во боксот и затоа претпочитам здрави борби. Во осмата рунда Пулев ме удри со аперкат и ќе излажам ако кажам дека не сум повреден. Требаше да се соземам. На пат сум да се вратам, сакам да ви приредам шоу. Би било одлично сега да се борам со некој како Деонтеј Вајлдер – тоа би било одлично“, изјави Чисора за Би-Би-Си.

Промоторот Еди Херн го опиша судирот со Пулев како „задолжителна победа“ за Чисора.

„Луѓето зборуваат за Чисора и прашуваат дали треба да ги закачи ракавиците“. Тој штотуку победи боксер од топ 15, топ 10 во тешка категорија во светот, па како може да го критикувате? Ако победи во таква борба со силиен боксер како Кубрат Пулев, зошто да не продолжи со спортот?“, рече Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON