Дерек Чисора посакува реванш меч со Кубрат Пулев, кој во почетокот на месецот беше поразен на поени од Бугаринот со што ја освои европската титула во тешка категорија.
„Мечот беше одличен и многу се забавував. Пулев беше подготвен за борба. Сега сакам реванш“, изјави Чисорав во интервју за ТВ ИФЛ.
„Мислам дека уште една средба би предизвикала огромен интерес. Германската телевизија ме сака. Ќе генерира огромни приходи“, додаде Англичанецот.
Чисора се пожали на еден од судиите кој досуди 118-110 за Пулев, но не прозборе ништо за третиот судија, кој од необјасниви причини му ја дал победата на него.
Во меѓувреме, скандалозниот боксер се замеша во нов инцидент. Тој упадна во хотел, каде што требаше да се одржи прес-конференцијата на Дилијан Вајт и неговиот нов промотор Еди Херн, при што проба да се пресмета со својот колега и сонародник. Сепак, обезбедувањето реагираше брзо и не му дозволија да дојде до Вајт.