Хамзат Чимаев ја коментираше најавата за борба со бразилскиот борец Пауло Коста.
Тие ќе се пресметаат во средна категорија на УФЦ. Нивната борба е водечка на настанот УФЦ 294 на 21 октомври во Абу Даби, ОАЕ. Победникот од борбата меѓу нив се очекува да добие шанса за титулата против Израел Адесања.
Чимаев во последната година не престанува да зборува дека може да ја собори од тронот Адесања. Сепак, го чека сериозен со Бразилецот, кој е поранешен претендент за појасот. Букмејкерите го прогласија Чимаев за голем фаворит, но борбите секогаш се непредвидливи.
Хамзат е задоволен што битката ќе биде во муслиманска земја. Очекува голема поддршка и се закани дека ќе го скрши Коста.
„Одлично е да згазиш некого и да заработиш пари. Тоа е супер. Ја сакам оваа работа. Среќен сум што се вратив. Добро е што борбата ќе биде во Абу Даби. Муслиманска земја, ќе добијам голема поддршка.
Има сосема друга енергија, луѓето ме сакаат. Коста е обичен борец. Ништо посебно, само многу „брборење“ од негова страна. Мојот последен противник исто така зборуваше многу, а јас му ја симнав главата во кафезот.
Ќе го расплачам Коста, како и секогаш. Мислам дека не е преголем. Ќе здробам кој било“, изјави Чимаев.
View this post on Instagram