Шведско-чеченскиот ММА борец Хамзат Чимаев (12-0) последната борба ја имаше во септември минатата година кога со принуда (брабо гушење) во првата рунда го победи Кевин Холанд.
Во моментов нема противник, но одвреме-навреме прозива некого.
Во последното гостување во „ ММА Час“ сакаше да каже нешто за шампионот на УФЦ во средна категорија, Бразилецот Алекс Переира.
„Во УФЦ знаат дека сакам да се борам за појасот во средна категорија. Зборував со Шон Шелби и тој рече дека ќе се обиде да го договори тоа. Ми се јави следниот ден и ми рече прво да се борам со Колби, па потоа ќе видиме. Оттогаш не сме разговарале“, рече Хамзат Чимаев и продолжи:
„Переира рече дека треба да се борат во полутешка категорија или нешто слично, но УФЦ не го сака во друга дивизија токму сега кога го освои појасот. И можам да се борам или во полутешка или во средна категорија, така што слабата категорија нема да има смисла. Бев подготвен да се борам во Бразил. Мечот против Переира би ми бил лесен, би го завршил уште во првата минута. Па, тој воопшто не знае да се бори“.