Битката на Хамзат Чимаев со коронавирусот продолжува. Борз беше позитивен на тестот во декември, принудувајќи го повторно да се откаже од борбата со Леон Едвардс, а откако беше презакажан за 13 март, Чимаев уште еднаш се повлече бидејќи се покажа дека има компликации по вирусот.
Работите беа толку лоши што младиот борец помисли дека ќе умре. Сепак, УФЦ ги презеде работите во свои раце и според ЕСПН Чимаев ќе лета за Лас Вегас за да се грижат за него.
The UFC is flying Khamzat Chimaev (@KChimaev) into Las Vegas today, per his manager Ali Abdelaziz (@AliAbdelaziz00). He'll receive medical care in the U.S. for lingering effects of Covid. Abdelaziz said he hopes Khamzat can fight by June, but longterm health is top priority.
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) February 17, 2021
Неговиот менаџер, Али Абделазиз, рече дека фокусот сега е ставен на неговото долгорочно здравје, што значи дека може да остане неактивен се додека е потребно. Враќањето на непоразениот борец се очекува во јуни, но зависи од тоа како се одвива закрепнувањето.
Ѕвездата Чимаев се издигна во јули 2020 година кога го победи Џон Филипс во УФЦ Борбен остров 1 и го нокаутира Рис Меки 10 дена подоцна. Два месеци подоцна, го уништи Џералд Мершарт за 8 секунди.
Неговата репутација се зголеми и навивачите сакаа да го видат во кафезот што е можно поскоро и доби меч со Едвардс, кој, сепак, никогаш не се одржа, иако имаше неколку обиди.