Хамзат Чимаев не стапнал во октагонот на УФЦ од септември 2022 година, кога во првата рунда го заврши Кевин Холанд. Во меѓувреме имаше многу шпекулации за неговото враќање, но ниту една досега не се оствари. Сепак, најновите информации доаѓаат од него на социјалните мрежи, каде што ја повика организацијата да му даде најмалку два натпревари до крајот на 2023 година.
„Подготвен сум да се борам во Париз, а потоа и во Абу Даби. Да здробам некого“, напиша „Борз“ на својот Твитер профил.
I am ready to fight in paris ready to fight after in abu dhabi let me smash somebody @ufc
— Khamzat Chimaev (@KChimaev) June 18, 2023
Галата во француската престолнина ќе ја предводат Сирил Гане и Сергеј Спивак во некој вид елиминациски меч за титулата во тешка категорија, додека онаа во Обединетите Арапски Емирати моментално има само датум, а тоа е 21 октомври.
Меѓу имињата кои најчесто се поврзуваат за борба со Чеченецот се оние на Пауло Коста, Камару Усман и Џаред Канониер.