Чимаев отпадна за мечот со Едвардс

Хамзат Чимаев нема да се бори со Леон Едвардс во главниот меч на УФЦ Фајт најт 187, што треба да се одржи на 13 март во Лас Вегас, Невада. Чеченскиот борец кој ја претставува Шведска сè уште не се опоравил од коронавирусот и тоа е причината за неговото повлекување од мечот.

„Скршен сум. Бев толку возбуден. Тоа беше една од моите омилени борби оваа година. Единственото нешто што треба да го гледаме во моментов е здравјето. Ајде да се осигураме дека оваа личност е здрава, да му пружиме најдобра грижа што можеме и да се осигураме дека е целосно опоравена“, изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт за ЕСПН.

Ова е трето одложување или откажување на судирот Чимаев-Едвардс.

Сударот во категоријата во полусредна категорија беше закажан за декември, но Едвардс беше позитивен на коронавирус и беше принуден да се повлече. УФЦ тогаш го закажа мечот за јануари, но тогаш Чимаев се зарази со Ковид-19 и средбата повторно пропадна.

Шведскиот борец нема загубено во професионалната кариера во ММА, бидејќи има добиено 9 борби од 9 средби (6 се со нокаут и 3 со завршница).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО