Емил Павлов на тренинг капм во Дубаи: Пред Париз ќе ја обезбедам олимписката норма!

Денеска Емил Павлов отпатува на светскиот карате камп во Дубаи каде што ќе се подготвува најдобрите светски каратисти, кандидати за Олимписките игри во Токио.

Фактички, овој тренинг камп е за олмписката категорија до 67 килограми во која партиципираат каратистите од категориите до 60 и до 67 кг.

На кампот ќе учествуваат и каратисти од Казахстан, Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Франција, Белгија, Луксембург, Гватемала.

Пвлов отпатува во Дубаи по покана на селекторот на Казахстан.

Селекторот на Казахстан смета дека Павлов ќе биде добар спаринг партнер на неговиот ученик кој обезбеди олимписка норма.

„Ме повика селекторот и еден од најдобрите познавачи во светот на каратето, селекторот на Казахстан , Тарек Абдесефем. Јас во Премиер лигата во Салзбург лани, каде што го освоив златниот медал, во полуфиналето се сретнав со Казахстанецот и го победив. Тој имаше повеќе средби во текот на годината ,освои бодови со кои се искачи на првото место на светската ранг листа на ВКФ. Јас сум на 16 место на оваа ранг листа. На ЛОИ во Токио ќе учествуваат по 10 каратисти во олимписките категории. За мене тоа е категоријата до 67 кг. Сметам дека дилемата- кој ќе учествува на ЛОИ во Токио можеби ќе биде расчистена на ЕП во март. Ќе има и една Премиер лига, а во месец мај е квалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз. Убеден сум дека пред настапот во Париз ќе ја обезбедам олимписката норма. Можам да освојам медал. Добредојдени ќе ми бидат подготовките во Дубаи“, изјави Емил Павлов, кој верува дека ќе му се исполни сонот- пласман на ЛОИ во Токио.

По подгоовките во Дубаи следува првиот настап на Премиер лигата во Истанбул, Турција, кадеш што ќе учествуваат и други каратисти од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО