Хамзат Чимаев може да се смета за еден од најопаснит во средна категорија и сака да го докаже тоа.
27-годишниот Чеченец силно ја започна кариерата во УФЦ, а во 4-те убедливи победи упати само 2 удари.
Неговата последна силна победа беше против Ли Џинглијанг и сега се искачува на топ листите со битка против Жилберт Барнс. Но, потоа го прозва победникот на УФЦ 272 меѓу Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал.
„Мислам дека двајцата ќе имаат одличен меч“, изјави Чимаев и додаде: „Масвидал е фаворит за мене, но Колби е многу тежок. Добро се бори. Ќе видиме. Шансите се 50-50. Не ми е гајле кој ќе победи. Сега ќе се борам со Брнс, а после го победувам Барнс, се надевам дека ќе се борам со победникот меѓу Масвидал и Ковингтон бидејќи Камару Усман се чини дека има повреда и му треба време да се опорави.
Се надевам дека наскоро ќе оздрави, бидејќи и јас го чекам. Но, засега, по победата над Барнс, планирам да се борам со победникот меѓу Масвидал и Колби за привремена титула или за предизвикувачко место. А потоа кога ќе се врати Усман, да се борам против него. Тоа изгледа како добар план“.
Средбата меѓу Барнс и Чимаев се уште не е официјално најавена, но за неа зборуваат и двајцата спортисти.
Не гледам голема закана во него“, му порача Чимаев на својот иден противник. „Ќе видиме. Сè може да се случи на мечот, но јас сум сигурен, како и секогаш. Мислам дека ќе го здробам со моите вештини и сила. Така се чувствувам. Тој може да мисли нешто поинаку, но јас ќе излезам и ќе направам тоа, исто како и минатиот пат“.