Чифлиганец го посети Балканец – можно е Македонскиот бисер да се врати во Штип

Cifliganec so rakovodstvoto na Blakanec

Денеска во Штип во просториите на БК Блаканец се сретнаа претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, и раководството на клубот, но и со борачите.

Претседателот на ФБСМ ги виде промените во спортската сала, како и плановите и насоките на раководството на клубот за заеднички да се успее да се доведе борењето повторно кон победничките патеки, за заедничка радост на успесите.

Cifliganec so boracite na blakanec

 Управниот одборо на Блаканец го искажа својот став спрема ФБСМ и во интерес на борењето се надеваат на продлабочување на заедничката соработка.

„Остануваме на нашиот став. Ние сакаме „Македонскиот бисер“ да се одржи во Штип, за да го подигнеме нивото на борењето, но со тоа и да ги подигнеме стасндрадите во клубот“, велат од УО на Балакнец.

Од страна на Чифлиганец е истакнато дека повторно ќе го стави на рагледување на УО на ФБСМ домаќинството на „Македонскиот бисер“.

Пред некое време УО ги замрзна односите ос ФБСМ поради одземањето на Македонскиот бисер, а вчера излезе со став за целата ситуација и констатација дека борењето во Македонија се уништува од врвот. Од страна на Федерацијата беше наведено дека организацијата на Бисерот се преместува од практични причини во Скопје.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО