Четири одличја за Сеишин на „Ненад Цветковиќ -Цвеле” во Ниш

Вчера на Меѓународниот меморијален џудо турнир „Ненад Цветковиќ -Цвеле” во Ниш, Србија. Сеишин-Прилеп освои 4 медали – 2 сребрени и 2 бронзени), на кој учествуваа околу 475 натпреварувачи од Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Медалите ги освоија

Помлади пионери
Тамара Илиоска – сребрен
Теодора Илиоска – бронзен

Деца
Тамара Стојкоска – сребрен
Марио Конески – бронзен

„Одлично и многу храбро се изборија и останатите натпреварувачи ( Владан Стрезоски, Арсениј Димески, Ване Ацески, Марко Ацески, Теодор Ачкоски Матеја Николоска, Мила Здравеска, Јана Ангелески) кои  не успеаја да изборат место на пиедесталот иако извојуваа по неколку победи.

Сепак ЏК Сеишин-Прилеп е задоволен од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар“, велат од клубот.

Денес кадетите од сеишин ќе настапат на Меѓународниот турнир во Аминдео, Грција,  кој е и критериумски турнир за кандидатите за кадетската селекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО