На Европското првенство во вадо кај карате македонските каратисти освоија четири медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени. Првенството се одржа во Лиеж-Блегија.
Ненад Келебиќ (-67 кг) го освои златниот медал во борби, а Александар Ангелковиќ (-84 кг), сребрениот, додека Енес Смаилагиќ (75 кг) и кумите тимот во состав Сашко Патраклиев, Смаилагиќ, Келебиќ и Самир Салиу се закитија со бронзените медали.
Ермир Мурати во конкуренција за деца 12-13 години во борби го освои 5-тото место.
Ipon.mk/В.Д.