Четири медали за џиу џицу репрезентацијата во Сараево

На турнирот што на 04 октомври се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, натпреварувачите од Македонија се закитија со четири медали, еден сребрен и три бронзени.

Dziu dzitcu 1

Иван Трпковски го освои второто место во категоријата до 60 килограми за кадети, додека Владимир Доневски (сениори -94 кг), Александар Трајковски (јуниори -66кг) и Александар Илиевски (надежи -66 кг) се закитија со бронзени медали.

Од Македонската џиу џицу Федерација известија дека Александар Трајковски го одбил златниот медал во неговата категорија, затоа што немал противник. Тој прифатил да се бори во потешката категорија -66 килограми за јуниори, иако тој е со тежина од 58 кг.

Иван Трпковски во финалната борба загубил од натпреварувач од Словенија. Александар Илиевски во неговата категорија имал четворица борци. Со еден пораз и една победа го освои бронзениот медал.

На ова натпреварување имаше борци од неколку земји од регионот: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија. Нашата земја ја претставуваа ЏЏК “Осенсеи“ од Штип и ЏЏК “Дан Кју“ од Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON